Регион

Србија: „Супер Веро“ го одбележа почетокот на „Грчкиот месец“

10 Jun 2024

Во пресрет на „Грчкиот месец“ во „Супер Веро“, кој традиционалнo се одбележува секој јуни, компанијата организира час по традиционалниот грчки танц, сиртаки, на „Плоштадот на слободата“ во Нови Сад.

Покрај традиционалниот танц , „Супер Веро“, подготви и награден конкурс под името „Гастрономска одисеја“. До 30.јуни сите кои купуваат грчки производи во вредност од најмалку 1.500 динари, ќе можат да учествуваат во наградниот конкурс. Главната награда изнесува 200.000 динари во вид на ваучер за купување во „Супер Веро“, додека втората и третата награда изнесуваат 100.000 и 50.000 динари. Исто така, ќе има и десет утешни награди во износ од 10.000 динари. 

За да се учествува во конкурсот, потребно е потрошувачите да направат креативна фотографија или видео во кои ќе прикажат што за нив претставува медитеранското боготаство, користејќи од производите купени во „Супер Веро“. Своите креативни идеји потрошувачите можат да ги објават на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ со тагнување на „Супер Веро“ и да ги користат неговите хаштази.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Супер Веро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...