„Волт маркет“ кој е дел од водечката хрватска платформа за испорака „Волт“ и градот Загреб ги здружија силите во заеднички проект кој има за цел да ги промовира малите производители и нивните производи.
Како дел од оваа соработка, „Волт маркет“ во својата понуда вклучи повеќе од сто производи од мали производители, од кои повеќето ја имаат ознаката „Сина торба“, и тие може да се најдат во категоријата „Купи локално“ во продавници на „Волт Маркет“
Со вклучување на овие производи во својата понуда, „Волт маркет“ ја зајакна својата понуда на локални производи и ја отвори вратата за нови купувачи, за малите производители и нивните производи. Следниот месец овие производи можете да ги пробате по промотивни цени како дел од големата кампања на „Волт“, соопштуваат од компанијата.
Ознаката „Сина торба“ се користи за прехранбените производи направени од домашни суровини на територијата на Република Хрватска, а целта на Градот Загреб со овој проект е да поттикне собирање и организирање на мали и средни фарми, пред се производители на висококвалитетни производи од цела држава. Преку пропишаните стандарди за квалитет, овие производители се позиционирани како важни и препознатливи на пазарот на градот Загреб, а соработката со „Волт“ дополнително помага во пласманот на овие производи на домашниот пазар.
Горди сме на оваа соработка со Градот Загреб бидејќи сметаме дека има неискористен потенцијал за производи од малите, локални производители на домашниот пазар. Ова е одлична можност да ги поддржиме нивните производи и да им обезбедиме на нашите корисници поширок избор на локални прехранбени производи по одлични цени , изјави Марко Рубељ, генерален директор на „Волт маркет“ - Хрватска.
Платформата „Волт“ моментално е достапна во 35 хрватски градови, а своите производи и услуги им ги нуди на илјадници деловни партнери, ресторани и трговци.
Извор/Фото: Instore.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.