Регион

Црна Гора: Продолжена мерката за ограничување на цените

04 Jun 2024

Потпретседателот на црногорската влада, Ник Џељошај соопшти дека продолжува мерката за ограничени цени, со која се ограничуваат цените на четирите основни производи, но и дека ќе се прошири списокот на уште неколку производи на кои ќе се примени ваквата мерка.

 Како што истакнува Џељошај, акцијата ќе биде продолжена за уште еден месец и ќе трае до крајот на јуни, после што ќе се разгледа можноста дали ќе продолжи повторно.

 Во следните 30 дена ќе провериме како трговците ќе регираат на ова. Мојата порака е партнерска, сакаме заедно да ја креираме економската политика. Очекувам сите домашни производи да бидат добро позиционирани и секогаш достапни во продавниците. Ќе имаме контрола секој ден и после 30 денови анализа ќе видиме кои ќе бидат новите мерки, изјави потпретседателот на владата.

 Тој додава дека на основа на истражувањата за кои била ангажирана посебна агенција, а и на основа на истражувањата од „Монстат“, се покажало дека акцијата за ограничени цени била успешна.

  

 

Извор: Bankar.me

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...