„Атлантик група“ воведе напредна „2Д шатл“ технологија за автоматизирана манипулација со палетите во своето складиште во Вуковина, што е прво од ваков вид во овој дел од Европа.
Од компанијата соопштуваат дека оваа технологија овозможува целосно управување со палетите и интеграција со своите постоечки дигитални решенија во складиштето.
Новиот, автоматизиран дел од складиштето има 15.000 палетни места, бележејќи 60% подобро искористување на капацитетот.
На отворањето на новиот дел на складиштето говореа главната директорка на „СДП“ - Хрватска и Ненад Дечур, директор за логистички операции.
Посебна благодарност за водење на проектот е упатена за Наташа Гембаровски, кој воедно е и последен нејзин проект пред заминувањето во пензија. Покрај неа, во тимот кој го создавал проектот се и Марко Лазиќ, директор за корпоративно управување и Ненад Дечур.
Проектот за проширување е покренаат поради континуираниот пораст на продажбата и потребата за поголеми складишни капацитети, соопштуваат од компанијата преку нивната веб страница.
Овој проект започнал во 2022 година, а официјално е покренат минатата година во април.
Извор/Фото: „Атлантик група“ / Принтскрин
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.