Од 1.мај во Србија ќе започне да се применуваат новите акцизи за горивата, биогоривата, акохолот, никотнските производи, кафето и природниот гас за крајна потрошувачка, кои се во согласност со годишниот износ на потрошувачките цени за 2023 година.
Како што е објавено во Службениот весник, акцизита на дериватите на течна нафта и гас од мај за течниот гас ќе бидат 52,49 динари, 62, 54 динари по литар за биогориво и биотечност, 67,22 динари по литар за безоловен бензин, додека за оловниот бензин акцизата ќе биде 71, 47 динари по литар.
Акцизата на алкохолните пијалаци од први мај ќе биде 26,89 и 30,72 динари по литар, за кафе од 108,06 динари по килограм до 405,24 динари по килограм, додека за течноста за полнење на електронските цигари до 31 декември, акцизата ќе биде 10,46 динари по милилитар, а од 1 јануари 2025 година таа ќе биде 11,62 динари по милилитар, пренесува „Спутник“.
Како што пренесува „Данас“ целта на измената на акцизата кај цигарите е да се усогласат со стандардите на ЕУ, според кои до 2025 година државата треба да има приход од најмалку 90 евра на 1.000 парчиња цигари, што е 1,8 евра по пакета, така што после поскапувањето во следната година цените ќе бидат како во државите од ЕУ.
Минатата година имаше дури три поскапувања, поради тоа што владата во октомври ги зголемила акцизите на цигарите за осум проценти, што влијаеше на тоа проиведувачите да ги зголемат цените за 10 динари.
Со тоа зголемување, државата на една кутија со цитари имаше приход од 90,99 динари.
Извор: „Данас“
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.