Регионално

Енди Мишо: Ги слушаме потребите на нашите потрошувачи

15 May 2024

Енди Мишо веќе 2,5 години го има задоволството да ја води „Ледо плус“ и да живее во Загреб, иако е од Белгија. Последните 15 години ги поминал во „Номад фудс“, работејќи на различни позиции и пазари, а поголемиот дел од кариерата имал стратешки и комерцијални финансиски улоги.

Приреди: Јелена Лазариќ, jelena@b2bmedia.org

Како би ја опишале моменталната позиција на „Ледо“ на пазарот за сладолед и смрзнати производи во Хрватска?

 Како што знаете, „Ледо“ е водечка фабрика на пазарот за сладолед и смрзната храна во Хрватска, каде што нашите брендови и производи ги воодушевуваат потрошувачите. Особено сме горди на начинот на кој нашиот King непрекинато ги претставува вкусовите и ги освојува меѓународните награди, постигнувајќи успех на пазарот. Еден од поголемите успеси во последните неколку сезони се и нашите мултипакови, каде што заедно со нашите омилени импулсни брендови влеговме во семејниот асортиман, освојувајќи ја водечката позиција на пазарот. Сето тоа сјајно го надополнува и асортиманот на Quattro, кој во пакет со одлична вредност за цената на потрошувачите им ги нуди познатите вкусови. Што се однесува на смрзнатата храна, тој дел од портфолиото најмногу се промени во последните неколку години. Иако веќе долго „Ледо“ нуди одлични производи во сегментите на зеленчук и риби, значително ја проширивме нашата понуда на панирана риба и зачинети мешавини на зеленчук. На пример, сега нудиме широк избор на панирани производи од риба за различни пригоди и зачинети мешавини на зеленчук, кои веќе се познати и проверени производи на пазарите во Западна Европа.

Кои се главните стратегии што ги применува „Ледо“ за да остане конкурентен во динамичното опкружување во прехранбената индустрија?

 Ќе бидам краток – иновираме! Континуирано работиме на слушање на потребите на нашите потрошувачи за да создадеме одлични производи и релевантна вредност за нив. Во одлична позиција сме во двата сегмента од нашето работење. На страната на сладоледот имаме знаење, технологија, стручњаци и креативен дух за да продолжиме да докажуваме дека врвен сладолед може да се развива и да се произведува во регионот. Во сегментот за смрзната храна, имаме предност во големината и разновидноста на портфолиото на компанијата „Номад фудс“, каде што можеме на пазарот да претставуваме одлични производи со иновативни рецептури кои потрошувачите ги бараат во земјите од Западна Европа. Секако, за да можеме да воведеме нови потрошувачки навики, сите наши производи ги поддржуваме со инвестиции и маркетинг.

Подготвуваме многу изненадувања и веруваме дека на потрошувачите ќе им се допадне тоа што го подготвивме.

Како реагираат купувачите на вашата програма на смрзната храна, со оглед на тоа што Хрватска е земја во која акцент се става на свежите производи, додека од друга страна, темпото на живот нѐ води кон тоа програмата за смрзната храна да биде идеална за брзиот начин на живот? Претпоставувам дека трендот на раст во тој сегмент секој година е сѐ поголем.

Трендот кој го наведовте расте и ќе продолжи да расте уште долго време и тоа поради петте главни предности на смрзнатата храна. Првата, секако, е практичноста. Ги имате нашите Fish nuggets и мешавината Veggie love во вашиот замрзнувач? Вашата вечера може да биде готова за неколку минути. Втората предност е вкусот, јадењата кои ќе ги подготвите сигурно е дека ќе бидат вкусни. А хрватската култура ја цени одличната храна, потрошувачите сакаат да се соберат околу маса и уживаат во добрата храна. Третата предност се квалитетот и достапноста на храната, а тука смрзнатиот асортиман победува затоа што ги задржува свежината и витамините, барем еднакво добро како и свежиот, и достапен е преку целата година. Четвртата предност е пристапноста. Во време на инфлација, сите внимателно размислуваме за тоа како се трошат парите, а смрзнатата храна нуди одлична вредност за парите. И за крај, но не помалку важно, смрзнатата храна доаѓа со единствена предност, се намалува фрлањето храна во целиот синџир на снабдување, од производството до консумирањето. Тоа не е само еколошко, туку веќе и економско прашања кое смрзната храна може да го реши. Потрошувачите сѐ повеќе ги препознаваат овие предности и се потпираат на смрзнатиот асортиман кој им го олеснува животот, а нивните прехранбени навики ги прави разновидни.

 Можете ли да ни кажете повеќе за иновациите во производниот процес или за новите производи кои „Ледо“ планира да ги воведе на пазарот?

Секако дека не можеме сѐ да откриеме, но можеме да кажеме дека ќе лансираме уште повеќе производи од портфолиото на зеленчук и риби. Имавме одлични повратни информации од пазарот за производите што неодамна ги лансиравме, како што се Fish fingers од 100 % филети, рибините филети во крцкава панада и нашите мешавини од зеленчук, така што е логично на потрошувачите да им понудиме повеќе од она што толку им се допаѓа. Последниот производ што го лансиравме беа ракчиња во крцкава панада, кои се идеални не само како оброк, туку како и мал залак за дружење, што гледаме дека потрошувачите го бараат. Исто така, сакаме да понудиме и поголем избор на производи за вработените родители, а тоа се, на пример, здрави оброци базирани на риба наменети за деца.

Дали сте подготвени за сезоната 2024 година кога станува збор за сладоледите? Како би ја опишале вашата работа кога зборуваме за сладоледите во текот на целата година, кога не е им е сезоната?

Подготвени сме и тоа како. Подготвуваме многу изненадувања и веруваме дека на потрошувачите ќе им се допадне тоа што го подготвивме. Меѓу другото, планираме да ги изненадиме сите во премиум сегментот на сладоледите, во кој ќе примениме нова технологија за да понудиме уникатни производи, но повеќе за тоа ќе дознаете во текот на мај.

Ќе можете ли да споделите со нас некои од клучните цели на „Ледо“ за блиската иднина?

Први се нашите цели поврзани со малопродажниот сегмент во кој сме фокусирани на нашите импулсни и семејни сегменти на сладолед, а каде што ќе го забрзаме растот на King и на мултипакирањата. Покрај тоа, ќе лансираме сегмент на панирана риба и однапред спремен зеленчук во сегментот на смрзната храна, а првите датуми за продажба го потврдуваат огромниот потенцијал на овие нови сегменти. Другиот приоритет е да се забрза нашиот раст во сегментот „аут оф хоум“, односно на ХОРЕКА-каналот, во чии рамки подготвуваме нова организација и каде што ќе ги зголемиме нашите комерцијални инвестиции. Третиот сет на цели е поврзан со нашето најголемо инвестирање во производството – нова линија за сладолед. Во сето тоа што го работиме го користиме знаењето на „Номад фудс“. Да се биде дел од мултинационална организација, во која најдобрата практика секојдневно се споредува внатре во нашите организации, значи да се забрзаат нашите процеси на учење.  

„Ледо“ нуди одлични производи во сегментите на зеленчук и риби, значително ја проширивме нашата понуда на панирана риба и зачинети мешавини на зеленчук.

 Можете ли да ни кажете нешто повеќе за инвестициите?

 Како што најавивме, во 2024 година во Загреб доаѓа новата производна линија на која ќе се произведува King, како и други производи од нашиот премиум сегмент. Ќе инвестираме повеќе од 4 милиони евра во т.н. ектрузиска линија, а планираме да ја претставиме во четвртото тримесечје од годинава, кога сите работи ќе бидат готови.

 Можете ли да нѐ информирате за тоа како Вие гледате на регионот и работата на „Ледо“ и на стратегијата за раст надвор од Хрватска? Дали планирате да отворате нови пазари?

 Дел сме од „Номад фудс“, така што сме дел од најголемата компанија за смрзната храна во Европа. Кога размислуваме за регионот, најголемиот број луѓе обично мислат на проширување на „Ледо“, но ние сега работиме на кластер наречен „Адриатикс“ и присутни сме на различни пазари во регионот, од Унгарија до Црна Гора. Секако дека работиме на тоа да ја направиме нашата работа подобра. Веруваме дека имаме одлични производи кои можат да се пронајдат и на поединечни пазари за кои потрошувачите во Хрватска можеби и сѐ уште не се запознаени, како што се Кипар и Албанија.

 Можете да ни издвоите некои работи кои се добри на хрватскиот пазар, во приватна и деловна смисла, според она што досега сте го доживеале?

 Со часови би можел да зборувам за сјајни работи поврзани со животот и работата во Хрватска. Мислам дека луѓето се сјајни, топли, пријателски настроени и се чувствувам добредојден од првиот ден. Уживање е да се сретнат нашите купувачи, да се разговара со нив, да почувствуваш што им е важно и како пристапуваат кон својата работа. Исто така, сјајно е искуството да се работи со овдешниот тим на „Ледо“ затоа што имаме сјаен тим, страсни и вредни луѓе кои го сакаат брендот и тоа е она што оваа компанија ја прави толку успешна. Навистина, никогаш не сум доживеал луѓето да го сакаат брендот во толкава мера како што го сакаат вработените во „Ледо“. Што се однесува на приватниот живот, уживам во Хрватска затоа што е сигурна и преубава земја за живеење. Привилегија е да се живее овде. Се надевам дека државата со време ќе биде уште поуспешна и дека луѓето ќе останат да ја градат својата иднина овде.

Кои се Вашите омилени „Ледо“ производи?

 Најтешкото прашање доаѓа на крајот! Да бидам краток, зависи од денот. Ако е тоа само обичен дел во неделата, повеќе сум среќен со опцијата од рибини стапчиња и мешавината Veggie love за вечера, едноставно, вкусно, брзо, можам сам да го подготвам. Но кога зборуваме за сладоледот, можам да кажам дека не сум толку посветен само на еден вкус. Преферирам да ги пробам сите и да ги менувам фаворитите. Еден ден тоа е King Majestic, следниот ден ќе се одлучам за Macho, третиот ден ќе земам корнет или Sandwich. Морам да ги пробам новите вкусови, тоа е една од предностите на оваа работа. Така што, ги пробав сите нови производи што оваа пролет ќе дојдат на пазарот и морам да признам дека имам фаворит од портфолиото на King. Со нетрпение чекам да видам како пазарот ќе реагира на тој вкус.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...