Маркетинг

Дејвид Бекам е новиот амбасадор на пивото Stella Artois (Видео)

13 May 2024

Омилениот белгиски бренд за пиво на средба со медиумите, инфлуенсерите и деловните партнери  го претстави новиот визуелен идентитет и нова кампања  наречена „Вкус кој вреди повеќе“.

Еден од најпознатите фудбалери, Дејвид Бекам, кој е и модна икона, хуманитарец и миленик на светската публика е нов амбасадор на легендардното белгиско пиво, Stella Artois и е главен лик во видео спотот кој е дел од новата кампања на брендот.

 Загребската пиварница ја претстави новата глобална кампања на настанот „Stella Artois афтерворк чил“.

Кампањата на духовит начин го претставува пивото Stella Artois во една случајна средба со еден од најпознатите луѓе на планетата, Дејвид Бекам, а обожавателите се воодушевени затоа што уште една позната ѕвезда е претставена како непосредна и едноставна личност.

Мило ми е што соработувам и се радувам со пивото Stella Artois во најубавите моменти со семејството и пријателите. Брендот и неговиот препознатлив вкус со години се мој фаворит, изјави Бекам.

Со новата кампања, брендот врти нова страница во богатата приказна и наследство на премиум пивото Stella Artois, славејќи го препознатливиот вкус и вредности на брендот, засновани на создавање автентични врски и вистинска поврзаност.

 Бекам е идеален амбасадор за пивото Stella Artois, талентиран, автентичен и опуштен. Тој одлично ги отелотворува вредностите на брендот и во последниве години открива се повеќе детали од неговиот приватен живот, покажувајќи дека поминувањето време со семејството и пријателите му е исклучително важно. Токму ова е нашата мисла водилка во оваа кампања - да создадеме најубави спомени со нашето омилено пиво, рече Ема Драгојевиќ,  виша менаџерка за категоријата премиум пиво во Загребската пиварница.

 Како дел од кампањата беше претставен и новиот,   визуелен идентитет на брендот Stella Artois, чие лого е едно од најстарите во светот. Новиот визуелен идентитет е инспириран од прифаќање на неочекуваното, личното изразување и уживање во моментот, а новата кампања се фокусира на секојдневниот живот и покажува дека автентичните моменти на заедништво се највредните во нашите животи.

Извор: InStore.hr

Фото: Принтскрин

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...