Македонија

dm дрогерие маркт организира незаборавен настан за убавина

16 мај 2024

На 14 мај, „Рагуза руфтоп – 360“  беше центар на светот за убавина за повеќе од 200 посетители кои ја почувствуваа моќта на инспирацијата и научија многу нови „типс&трикс“ за нега и убавина!  

Најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт со Школа за убавина „Арт“ организираше незаборавен   настан за убавина кој беше наменет за сите оние на кои dm им е омилено место за пазарување, релаксација и забава, но и за „мејкап“ љубителите кои сакаа да научат нешто повеќе за шминката.

Со цел да ги израдува своите верни купувачи, но и на едно место да ги собере бројните соработници, инфлуенсери и стручни лица, со овој настан dm го прикажа мејкап светот од еден сосема друг агол. Во изминатите два месеца пред настанот, 12 вработени од dm посетуваа обука преку која се стекнаа со сертификати за професионални шминкери. Со стекнувањето на овој стручно едуциран кадар, dm воведе нова услуга во одредени дрогерии: Професионално шминкање и „бјути“ советување кое го вршат dm советничките за убавина. Со сметка над 1.900 ден. за шминки и додатоци за шминкање купувачите добиваат купон со кој може да закажат термин за бесплатно професионално шминкање секоја среда, петок и сабота. Дополнително, во истите дрогерии може комплетно бесплатно, секој вторник и четврток, советничките за убавина да го одредат типот на вашата кожа и да ве советуваат како соодветно да се негувате. Листата на дрогерии каде може да ја пронајдете оваа услуга, може да ја погледнете тука: Советници за убавина | dm Македонија

Започнувајќи од 15:30 часот, посетителите на самиот влез на настанот добиваа специјални ,,часовници“ со богатата агенда која ги очекуваше во текот на попладнето. На три „бјути“ корнери имаше мастер класови каде беа презентирани различни техники за шминкање со детално обаснување за сите чекори во текот на креирањето на изгледот: Фреш лук – даили глам, Фром деј то најт мејкап, смокие ај глам, Мерлин Монро иконик мејкап лук. На главниот мастер глас кој го одржа професионален едукатор од Школа за убавина „Арт“, присутните ја погледнаа комплетната демонстрација за како да се постигне „пром мејкап“ Сето ова беше придружено со вкусни dmBio закуски и освежителни коктели, фото-корнери каде се правеа креативни фотографии, „Ринг фор мејкап“ катче за подароци. Забавата беше неизоставен дел, па така настанот го заокружи DJ Панчо од DNK со одлична музика. Едно е сигурно, dm Beauty o’clock беше едно уникатно искуство, комбинација од интерактивни активности, едукативни мастер класови и добра забава – настан од кој посетителите си заминаа со безброј убави импресии, подготвени за уште многу изненадувања кои dm ги подготвува во наредниот период, соопштуваат од компанијата.

Извор/Фото: dm дрогерие маркт

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...