Регион

Словенија: „Хофер“ донираше книги за основците

09 Oct 2023

Деветта година по ред „Хофер“ во соработка со здружението Читателска значка на Словенија (Društva Bralna bádzka Slovenije), донираше книги за основците.

Компанијата секоја година избира по една книга за донирање, па така оваа година 20.735 првачиња во Словенија ја добија книгата „Hiša selivka“ напишана од Марко Кравос со илустрации на Ерика Цуња.

„Со оваа сликовница влегувате во светот на непослушните и корисни птици, како и во градината со миризливи градинарски плодови. Но, ова не е бајка за деца! Ова е книга која ја буди радоста на секојдневното читање: кај бабите и дедовците и студентите од прва година. Ги учи дека бананите не растат меѓу зелената салата во домашната градина... Но, како да ги одгледувате? Тоа ќе го дознае читајќи“, изјави Марко Кравос, автор на сликовницата и претседател на здружението Читателска значка на Словенија.

Дополнително, „Хофер“ го поддржува и Националниот месец на заедничко читање оваа година, за време на кој книгите препорачани од Значката на читателот ќе бидат достапни во 92 продавници низ Словенија до 12 октомври.

„Хофер“ досега подарил повеќе од 200.000 книги како дел од проектот „Сакаме да читаме“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...