Регион

Почина газдата на „Пивац“, му се слошило на плажа

01 Aug 2023

Ивица Пивац, претседателот на Групацијата „Пивац“, ненадејно почина вчера на 71 година, јавија хрватските медиуми. Според „Јутарњи лист“, на Пивац му се слошило околу 17 часот на плажа и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови.

Ивица Пивац и неговиот брат Невен во родниот Вргорац се занимаваа со преработка и увоз на месо. Бизнисот тргна по нагорна патека во раните осумдесетти, кога нивната месарница во Вргорац ја открија рестораните и хотелиерите од Макарска, кои доаѓаа во Вргорац да купуваат месо.

Компанијата „Месна индустрија Браќа Пивац“ беше подеднакво раководена од тројца браќа – Тончи, Ивица и Невен. На чело на компанијата беше дипломираниот агроном Ивица Пивац, кој имаше успешна кариера и како комерцијален директор во винаријата „Вргорачка“. Групацијата, покрај истоимената компанија вклучува и голем број поголеми и помали компании. Поголемата група ја сочинуваат и „ППК Карловац“ и „Вајда“ од Чаковец.

На крајот на 2019 година, тие го финализираа преземањето на „Краш“ кога Месна индустрија „Браќа Пивац“ и „Краш-ЕСОП“ склучија договор за продажба и пренос на 276.441 обични акции, што претставуваше 18,4 отсто од основната главнина на „Краш“. Денеска се сопственици на 54,97 отсто од акциите „Краш“.

Групацијата „Пивац“ е во сопственост на Ивица и Невен Пивац и нивниот внук Миљенко, пренесува „Блиц“.

Ивица Пивац беше еден од најбогатите Хрвати. Месната индустрија „Браќа Пивац“ има годишен приход од 500 милиони евра.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...