„Меркатор“ во Босна и Херцеговина повеќе не е во сопственост на „Меркатор“ - Србија, туку е директно во сопственост на групацијата „Фортенова“.
„Меркатор БХ“ досега беше во целосна сопственост на компанијата „Меркатор С“ од Белград, која исто така работи во рамките на групацијата „Фортенова“, а сега е во 100% сопственост на хрватската групација.
Ова е дел од постапката што се спроведува во други земји од регионот каде сопственоста на „Меркатор“ не била под директна контрола на „Фортенова“.
„Меркатор“ ја отвори својата прва продавница во Босна и Херцеговина во 2000 година, а по години интензивен развој преку органски пораст и аквизиции (преземање на филијалите на „Гаџо“ и „Омега“), во 2014 година беше преземена од хрватскиот „Агрокор“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.