Регион

Воведен знакот за доверба за онлајн-трговците во БиХ

26 May 2023

Асоцијацијата за интернет-трговија eComm во Босна и Херцеговина го промовираше првиот знак за национална безбедност, наречен Trust eComm.

Целта на ознаката е да им обезбеди на потрошувачите информации за веродостојноста на онлајн-продавниците, односно да потврди дека eComm ги прегледала процесите и методите за спроведување на онлајн-трансакции и со својот печат да потврди дека трговецот ги исполнува бараните стандарди во онлајн-бизнис, слични на оние што важат во земјите на ЕУ.

Онлајн-продажбата во Босна и Херцеговина бележи постојан пораст во последниве години, бидејќи сè поголем број потрошувачи ги гледаат предностите на онлајн-купувањето. Сепак, истражувањата за навиките на потрошувачите во Западен Балкан покажуваат дека потрошувачите сè уште го немаат посакуваното ниво на доверба во овој вид купување, што претставува главна пречка за развојот на индустријата и во регионот и во БИХ.

Trustmark како алатка за подобрување на довербата е веќе стандард во останатиот дел од Европа, а ние сме првите што го донесовме на нашиот пазар. Имајќи предвид дека недостигот на доверба е една од најголемите пречки за онлајн-трговијата кај нас, здружението eComm одлучи активно да се вклучи во решавањето на овој клучен предизвик, изјави Алма Ахмиќ, директор на eComm, додавајќи дека сите активни членови на здружението eComm ја вршат услугата за сертификација под значително повеќе поволни услови и имаат приоритет во однос на другите интернет-трговци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...