Регион

Во Црна Гора поевтинуваат 25 прехранбени производи

23 мар 2023

Во рамки на акцијата „Стоп за инфлацијата“, во Црна Гора од вчера поевтинија 25 прехранбени производи, меѓу кои јогурт, јајца, млеко, сирење и некои видови свежо и суво месо.

Врз основа на договорот на Министерството за економски развој, во кампањата се вклучени пет трговски синџири каде граѓаните ќе можат да купуваат одредени прехранбени производи по минимални цени.

Кампањата ќе трае до крајот на април, но оставена е и можност за продолжување.

Трговците можат да ја прошират, но не можат да ја скратат предвидената листа на производи планирани во антиинфлациската кошничка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...