Иако инфлацијат во Црна Гора изнесуваше 17,2%, големиот број основни прехранбени производи, како и цената на киријата и цврстите горива, лани значително се зголемија над тој процент.
Така, на пример, лани поскапеле млекото, сирењето и јајцата за 47,8%. Според податоците на „Монстат“, лебот и житарките лани поскапеле за 31,2 отсто, месото за 20,4%, зеленчукот за 29,7%, овошјето за 23,7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадото и слатките за 23,4%, маслата и мастите за 21,4%, а краткорочните производи за рутинско одржување на домаќинството 23,7%.
Колку пораснале трошоците за живот лани, покажува податокот дека минималната потрошувачка кошничка, која се однесува на минималните трошоци, односно минималното количество храна неопходна за живот, се зголемила за 128 евра во единаесет месеци месеци од 2022 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.