Групацијата „Фортенова“ во првите девет месеци од 2022 година оствари вкупни консолидирани приходи од речиси 4 милијарди евра, што е за 38% повеќе во споредба со истиот период претходната година.
Без влијание на интеграцијата на словенечкиот малопродажен синџир „Меркатор“, вкупниот приход од континуираното работење во тој период се зголеми за речиси 15%.
Како што истакнува „Фортенова“, зголемувањето на приходите произлегува од подобрувањето на бизнисот и годинешната туристичка сезона, но напоменуваат дека врз тоа влијаела и инфлацијата.
Консолидираната ЕБИТДА е приближно 20% повеќе отколку во истиот период во 2021 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.