Регион

Хрватска: Од 1 јануари работата во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе

29 Nov 2022

Хрватската влада, работодавачите и синдикатите се договорија за тоа колку во иднина ќе бидат плаќани работниците за работата во недела. 

Со предлог - законот што го претстави министерот за труд, Марин Пилетиќ, работата во недела од 1 јануари идната година ќе се плаќа 50 отсто повеќе во однос на редовната сатница. 

Исто така, ќе бидат ограничени и бројот на недели што работниците ќе можат да ги одработат. 

Што се однесува на останатите додатоци за плата, оставена е можност за колективно преговарање меѓу работодавачите и синдикатите. Синдикатите бараа зголемување на сатницата од 100 отсто за работење во недела, но и да остане можноста за преговори до натамошно зголемување. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...