Регион

„Лидл“ ги замрзнува цените на 50 производи за празниците

18 Nov 2022

„Лидл“ - Србија издвои 50-тина артикли од својата понуда чии редовни цени ќе бидат замрзнати до 1 февруари идната година. 

Избраните производи се од различни категории: цената на килограм бел компир ќе се „замрзне“ на 84,99 динари или околу 70 центи, литар и пол свежо млеко од брендот Pilos од Лидл ќе се продава за 179,99 динари, односно по 1 евро и 50 центи, килограм ориз на 129,99 или точно 1 евро, додека килограм замрзнат грашок ќе чини 199,99 динари или 1 евро и 70 центи. Пониски цени ќе има и на свежото овошје и зеленчукот, месо, млечни производи и сувомеснати производи, односно повеќето квалитетни прехранбени производи кои се наоѓаат во стандардните потрошувачки корпи.

На овој начин, покрај тоа што секогаш нуди асортиман на намирници по најдобар сооднос цена - квалитет, со овој потег „Лидл“ дополнително се грижи за своите потрошувачи за да обезбеди поповолно купување. Широк асортиман на производи по „замрзнати“ цени ќе бидат достапни од 17 ноември до почетокот на февруари, токму на време за празниците кога потрошувачката е зголемена и кога на потрошувачите најмногу им е потребна поддршката од домашниот буџет, соопшти трговецот.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...