Регион

„Фортенова“ забележа двоцифрен пораст на приходите

06 Sep 2022

Во првата половина од 2022 година групацијата „Фортенова“ оствари вкупен приход од 18,8 милијарди куни од континуираното работење, што е за 57% повеќе од истиот период минатата година, најмногу поради интеграцијата на „Меркатор“.

Со исклучок на влијанието на „Меркатор“, приходите пораснаа за 14% во споредба со минатогодишните резултати.

Компаниите од деловната област храна имаа најбрз пораст на приходите во првата половина од годината, додека EBITDA најбрзо растеше во деловната област земјоделство.

Нето-добивката за периодот, по исклучувањето на девизните ефекти, изнесува околу 1,6 милиони евра, наспроти загубата од 28,3 милиони евра.

Силната реализација во првата половина од оваа година го продолжува позитивниот тренд што го бележиме цела минатата година, со зајакнувањето на основната дејност забрзано со интегрирањето на „Меркатор“ во групацијата. Ова се рефлектира во вкупниот приход од континуираното работење во првата половина на 2022 година, кој порасна за 14%, коментираше Фабрис Перушко, член на Управниот одбор на „Фортенова“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...