Регион

„Конзум“ од понеделник ќе ги намали цените на 1.000 производи

18 Feb 2022

Со инвестиција вредна повеќе од 10 милиони куни, хрватски „Конзум“ ќе им овозможи на своите купувачи да купуваат по пониски цени. 

Одлуката ќе стапи на сила веќе од понеделник, од кога трговецот ќе ги намали цените на 1.000 артикли од категориите овошје и зеленчук, месо и риба, јајца, масла и масти, путер и маргарин, храна за деца, хигиенски влошки и тампони. 

Ја поддржуваме одлуката на Владата на Хрватска да го намали ДДВ - то на храната. И пред истата официјално да стапи на сила на 1 април, „КОмзум“ како водечки трговец ќе им помогне на своите купувачи да ги намалат трошоците во домашниот буџет. Задоволаството на купувачите е наш приоритет  и затоа се одлучивме на овој потег, за да им излеземе во пресрет во брановите поскапувања, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“. 

Од понеделник, 21 февруари, во 600 продавници на „Конзум“ ширум Хрватска, цените ќе бидат пониски на оние артикли за кои хрватската влада го намали ДДВ-то. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...