„Виолета“ преговара за аквизиција на производствена компанија од Зaпадна Европа, најави Петар Ќорлука, сопственикот на „Виолета“, во интервју за сараевски „Бизнис магазин“, каде зборуваше за плановите на компанијата во 2022 година.
Претходно кажа дека вредноста на инвестицијата е околу 20 милиони евра.
Групацијата „Виолета“ досега се занимаваше со производство на средства за хигиенски потреби, течна програма и дистрибуција на светски познати брендови. Како и претходните години, продолжуваме да го истражуваме пазарот, да го унапредиме постоечкиот асортиман и да вложуваме во развој на нови производи. Исто така, го финализираме вложувањето во кондиторската фабрика во Чаплина. Фабриката „Ласта“ веќе почна со производство. Барањата се високи и се мора да биде во ред пред да се излезе на пазарот во почетокот на оваа година. Сите производи на „Ласта“ ќе бидат финални кога ќе се потврди високиот квалитет што го има и „Виолета“. Во оваа ситуација видовме дека домашното производство на храна е многу важно, па целта ни е да го задоволиме домашниот пазар со својата вкупна понуда. Освен вложувања во производството на храна, во подготовка се и некои други инвестиции кои би ја засилиле нашата конкурентност на пазарот, рече Ќорлука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.