Во Домот на младината во Белград на 6 и 7 ноември ќе се одржи изложба на 12 автохтони сирења од Балканот, чиј почесен гостин е Грција, соопштија организаторите.
Посетителите ќе можат да видат повеќе од 100 видови сирења на малите млекарници како и на индивидуални на производители од Србија, Босна и Херцеговина, Франција, Италија и Грција. Сирењата на Грција ќе бидат претставени под покровителство на грчката амбасада во Србија.
Посебно место ќе има за сирењата од српскиот средновековен манастир „Драганац“ од истокот на Косово и Метохија, како и сирењата што ги прават наставници и ученици од училиштето за млекарство „Др. Обрен Пеиќ“ од Пирот.
Ќе се доделат награди за најдобро сирење според гласовите на публиката, најубав штанд и најубава чинија со сирење.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.