Регион

Ќе поскапи кафето

21 јул 2021

Зголемувањето на цената на суровото кафе ќе предизвика поскапување на кафето во малопродажбата и во Србија, изјави Синиша Даничиќ, генерален директор на компанијата „Штраус адриатик“. 

Компанијата стои зад брендот Donkafe. 

 „Штраус адриатик“ одржува стабилна цена на кафето од 2017 година, кога беше и последното поскапување на нашите производи. Индустријата за кафе има свои специфичности што ја прават комплексна кога станува збор за зачувување на стабилноста. Моменталните цени на суровината кафе се за околу 70 отсто повисоки отколку во почетокот на годината, а цената на суровината со повеќе од 90 отсто учествува во формирањето на цената на финалниот производ. Освен тоа, до денеска и акцизите на кафе се зголемени за 8,5 отсто, што е специфичност на локалниот пазар, изјави Даничиќ. 

Според него, првите ценовни корекции ќе се забележат пред крајот на третиот квартал од 2021 година. 

До сега успевавме да ги апсорбираме ценовните осцилации во корист на нашите потрошувачи и на сметка на сопствената профитабилност, но ова зголемување на суровината сега е преголемо и нема сомнеж дека ќе се одрази и на нашиот пазар, рече тој. 

Скок на цената на суровото кафе на светскиот пазар првично беше условен од глобалната пандемија, но и од големата суша во Бразил, најголема во последните 20 години. Од друга страна, Виетнам имаше доста добра година, но потоа се појавија низа логистички предизвици поради кои имаше недостаток или доцнење на контињерите за превоз. Цените на контињерите и транспортот пораснаа за 12-15 пати во споредба со цените пред пандемијата. 

Околностите толку се променија и станаа неповолни, така што неминово е зголемување на цената на кафето во малопродажбата, изјави Даничиќ. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...