Регион

Босанците го дочекаа „Амазон“

16 јун 2021

Компаниите од Босна и Херцеговина можат да продаваат на „Амазон“, најголемата светска платформа за онлајн трговија. 

Тоа стана можно откако „Амазон“ пред две недели ја ревидираше листата на дозволени земји за регистрација на продавачи на која одсега се наоѓа и БиХ. Со проширувањето на листата, вкупно 188 земји можат да нудат производи во најголемата светска онлајн продавница. Последно беа додадени дури 85 земји. Земјите под санкции како што се Куба и Северна Кореја, останаа надвор од листата. 

Компаниите од БиХ претходно можеа да продаваат на „Амазон“, на тој начин што основаа компании во земја која веќе беше ставена на листата, што предизвикуваше дополнителни трошоци. Сега тие пречки се отстранети, на можат и преку домашни компании да ги нудат своите производи на „Амазон“. Она што останува дополнително да се уреди се јасни инструкции од даночните институции во БиХ во врска со даночниот третман на прекуграничната интернет трговија и на остварената добивка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...