Регион

„Белје плус“ ќе вложи 10 милиони евра во поранешната фабрика на „Мегле“

14 Apr 2021

Компанијата „Белје плус“ со преземање на фабриката за млеко во Осиек од „Мегле“, успеа да ги сочува работните места, мнозинството кооперанти и производството. во кое дополнително ќе инвестира 10 милиони евра од ЕУ фондовите. 

По три месеци од преземањето на осиечката млекарница, од некогашните 270 кооперанти на „Мегле“, сега се 249. Го сочувавме производството во Осиек, каде имаме 88 вработени, додека во погонот во Бел Манастир има повеќе од 140 работници, соопштија од „Белје плус“. 

Од таму велат дека се единствената млекарница во Хрватска која има повеќе од 4.000 крави, со што обезбедува повеќе од 35 милиони литри млеко од сопствени извори. Уште 12 милиони литри млеко произведува нивната компанија „Вупик“ од групацијата „Фортенова“ и дополнителни 13 милиони литри млеко се добиваат од кооперантите. Со тоа, годишното производство на млеко од страна на „Белје плус“ е 58 милиони литри што се 100 отсто направени од хрватско млеко.  

Плановите се јасни - одиме понатаму, со нови производи. Сакаме да го развиваме кооперантскиот однос и да го подигнеме квалитетот на млекото, бидејќи не ни е важна само количината, туку и квалитетот, соопштија од „Белје плус“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...