Регион

Се продава познатата „Симка“

24 Feb 2021

Белградската прехранбена индустрија „Дуња“ во стечај беше понудена на продажба како правно лице за 187,8 милиони динари, како и нејзиниот имот, во кој спаѓа и фабриката за чоколади „Симка“ во Врање, објави стечајниот управник.

 „Дуња“ е позната по производство на какао, чоколадо и кондиторски производи. 

Компанијата „Дуња“, односно фабриката „Симка“, се продава на јавно наддавање закажано за 30 март. Депозитот за учество е 75,1 милиони динари.

„Симка“ во индустриската зона Врање се развива од 1997 година. Нејзините објекти зафаќаат површина од 5.200 квадратни метри.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...