Србија во 2020 година извезе 2.700 тони мед на пазарот на Европска Унија, во вредност од околу 13 милиони евра.
Годишно, Србија просечно извезува по 3.000 тони мед. Минатата година климатските услови не беа погодни, а приносот на багремов мед, кој е извозен бренд на Србија, беше помал за цели 90 отсто. Поради намалената понуда, цената на медот достигна неверојатни 6,71 евро за килограм.
Најголеми купувачи на мед од Србија се Италија, Австрија, Германија, Франција и Белгија.
Во Србија има 15.000 пчелари со 1,3 милиони пчелни кошници регистрирани во Министерството за земјоделство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.