Регион

Хрватска: „Фортенова“ излезе од ХУП

26 Jan 2021

Групацијата „Фортенова“ излезе од Хрватското здружение на работодавачи (ХУП). 

Од компанијата соопштија дека таквата одлука не мора да ја објаснуваат пред јавноста. 

Со тоа, “Фортенова“ се приклучи кон компаниите кои претходно излегоа од ХУП, меѓу кои се „Орбико“, „Адрис група“ и “Техномонт“. 

Медиумите ја пренесоа изјавата на Бранко Роглиќ од „Орбико“, кој рече дека се незадоволни и дека бараат поостар настап кон Владата. Од „Адрис“, пак, соопштија дека ХУП е групација со која не делат исти вредности. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...