Регион

„Кромарис“ оствари рекордна продажба од 10.000 тони риба

11 Jan 2021

Хрватската компанија „Кромарис“ во 2020 година оствари рекордна продажба од 2020 тони риба и натамошен пораст на продажбата на извозни пазари, при што извозот во моментот изнесува 85 отсто риба. 

Најголемиот извоз е за италијанскиот пазар. 

Ја потврдуваме својата позиција на шеста компанија во светот за производство на квалитетна бела риба и остваруваме забележливи деловни резултати. На крајот на декември беше остварена и целта на пазарот да бидат испорачани 10.000 тони бела риба, што е пораст од 6 отсто во однос на 2019 година, соопштија од „Кромарис“. 

Освен во Италија, пораст на пазарниот удел има и на пазарите во Австрија, Германија и Швајцарија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...