Претставници на Обединетите Нации(ОН), амбасадата на Велика Британија во Босна и Херцеговина и компанијата „Виолета“ присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за донација со претставници на осум сигурни куќи во кои се згрижуваат жени и деца жртви на насилство.
При тоа, Петар Ќорлука, сопственик на „Виолета“, истакна дека компанијата се залага за максимална рамноправност и толеранција кон жените, кон децата, кон сите.
Повод за донацијата се проблемите со кои се сочуваат сигурните куќи во БиХ во екот на пандемијата наспроти исклучителната важност истите да продолжат да постојат, како и за нивниот придонес во општеството преку борбата против родовата дискримација и сите облици на насилство.
Со потпишување на договорот, корисниците на сигурните куќи добија финансиска поддршка од УНФПА во износ од 63.000 конвертибилни марки и мобилни уреди за С.О.С линија, 48.000 конвертибилни марки од Владата на Велика Британија како и хигиенски производи од „Виолета“ во износ од 30.000 марки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.