Регион

„Краш“ за 42 отсто ја зголеми нето-добивката

02 Nov 2020

Групацијата „Краш“ во првите девет месеци од 2020 година оствари нето-добивка од 26,3 милиони куни, што е за 7,8 милиони куни или 42,3 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, покажува финансискиот извештај на компанијата. 

Вкупните приходи на „Краш“ на ниво на групација се 706 милиони куни и се за 0,2 отсто повисоки отколку во истиот период минатата година. Приходите од продажбата се 670,5 милиони куни или 3,7 отсто помали од истиот период лани. Останатите приходи се 34,3 милиони куни и во поголем дел се резултат на наплатата на побарувањата од купувачите во Саудиска Арабија.  

Вкупните расходи беа 675 милиони куни или за 1,1 отсто помали отколку во ланскиот споредбен период. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...