„Мегле“ и групацијата „Фортенова“ постигнаа договор-по заминувањето на „Мегле“ од Хрватска, производствените погони ќе ги преземе „Белје плус“. Се договараат последните финеси, детали од договорот кој наскоро ќе биде заклучен, пренесе хрватски „Пословни дневник“.
Не е соопштена вредноста на трансакцијата за преземање на „Мегле“.
Со ова преземање, ќе бидат сочувани поголем број од работните места на работниците во „Мегле“ и ќе продолжи соработката со кооперантите. Производството во млекарницата во Осиек ќе продолжи и по 1 јануари 2021 година. Според информациите, „Белје“ е подготвена да задржи 70 отсто од сегашните 160 вработени и да продолжи да откупува млеко од 282 кооперанти.
На овој дел од Европа, „Мегле“ ќе го развива производството во БиХ и во Србија, каде веќе има погони. Од Управата во Хрвтаска соопштија дека производството во оваа земја се покажа како неисплатливо за компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.