Македонија

Новите мерки до крајот на следната недела, помошта ќе зависи која фирма колку е погодена

18 Sep 2020

Новиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството најверојатно ќе биде презентиран до крајот на следната недела, најави денес премиерот Зоран Заев, кој рече дека оние фирми кои се погодени повеќе од кризата со КОВИД-19, ќе добијат и поголема поддршка.

Помош ќе има за сите и државата е подготвена да направи се во рамките на своите финансиски можности и капацитети да им помогне на работниците, на невработените, на сиромашните и на македонската економија и стопанство. Синоќа се одржа Економскиот совет, работевме три часа, сите економски министри.

Владата ги разгледувала иницијативите од коморите, од синдикатите и од работодавачите. 

Мерките дефинитивно ќе се движат во два правци – едниот е поддршка на приватната потрошувачка, а другиот за таргетирана поддршка на компаниите. Борбата е за секое работно место и буквално ги разгледуваме сите можни аспекти за натамошно помагање преку мерки што дадоа резултати, да се помогне на сличен начин. Секако се размислува ова да биде уште потаргетирано – ако аплицираат компании што се погодени над 30 отсто би требало да имаме капацитетност да одиме со дополнителен развој на мерките – пропорционално да ги поттикнеме и да ги помогнеме оние што се погодени-30 отсто, 50, 80 или сто отсто, рече Заев.

Тој нагласи дека најверојатно ќе се тргне од износ од 14.500 денари што ќе важи за компаниите што се погодени до 30 отсто. Една од таргетираните мерки која ќе биде специјална и нова е за враќање на отпуштените работници. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...