Претходните два месеца компанијата „Гранд пром Зур“ отвори два нови „Дим маркети“, со што бројот на продажни објекти од овој формат се искачи на 6.
Првиот хард-дисконт беше отворен на 4 јуни во скопската населба Ѓорче Петров (на фотографијата), на улицата Мајски Манифест, бр. 2. Маркетот зафаќа површина од 192 квадратни метри.
Вториот „Дим маркет“ ги отвори вратите за потрошувачите на 11 јули, а се наоѓа на улицата Војвода Васил Чакаларов, бр. 42 лок. 1, во населбата Хром. Овој продажен објект е на површина од 218 квадратни метри.
Асортиманот во двата хард-дисконта го сочинуваат по околу 2.000 активни производи. За услугата се грижат по 8 вработени, а потрошувачите и во двата продажни објекта се услужуваат на две наплатни каси.
Горди сме сто можеме да најавиме дека ја прошируваме продажната мрежа и константно сме во потрага по нови локации, поблиску до потрошувачите. Наскоро ќе го отвориме и новиот „Дим маркет“ во Аеродром, изјавија за InStore од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.