Македонија

УЈП откри злоупотреби со субвенциите за плати за работниците

28 Jul 2020

Работодавачи од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и од други градови, откако аплицирале и ја зеле фиансиската поддршка од државата за исплата на плата на вработените, парите никогаш не легнале на сметките на работниците.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска на прес-конференција ги соопшти податоците од реализацијата на мерката во април, мај и јуни, и апелираше до работодавачите кои ја добиле финансиската поддршка, а не ја исплатиле кон работниците тоа да го сторат пред јавно да бидат објавени.

Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, рече Лукаревска.

Таа појасни дека рокот за исплата е поминат, но сепак ова законско право треба да го остварат работниците.

Лукаревска нагласи дека доколку не се постапи и по овој апел, веќе се во координација со Државниот инспекторат за труд за да се преземат мерки согласно закон, кој предвидува присилна наплата, глоби и враќање на средствата назад.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...