Македонија

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

30 Jun 2020

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска претставници на неколку мали винарници поднесоа барања за упис во Регистарот на производители на вино.

Барањата се доставени до Архивата на МЗШВ, по што претставниците на винариите имаа средба со министерот Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.Како што објави Димковски, со измената на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, се олеснија условите за упис во Регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби. Измената ќе придонесе за праведност во однос на трошоците за регистрација на винарска визба, односно висината на трошоците да соодветствува со капацитетот за производство.

Намалувањето на трошоците за регистрација ќе биде мотивација за многу физички лица кои во домашни услови произведуваат вино, да можат на легален начин да го пуштат во промет, смета Димковски.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...