Обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020 во однос на април 2020 година е понеповолно, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.
Поради ваквата економска состојба во преработувачките капацитети се очекува во најскоро време да паднат одлуки за намалување на бројот на вработените во оваа индустрија, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување, соопштија од ДЗС.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,3 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,4 проценти, неизвесното економско опкружување со 14,6 и недоволната домашна побарувачка со 12,7 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.