Синџирите маркети го објавија работното време во празничниот правомајски викенд на 1, 2 и на 3 мај.
„Веро“ маркети ќе работат од петок до недела, од 7 до 13 часот. Повластен термин за пензионери е од 8 до 10 часот.
„Тинекс“ ќе бидат отворени во петок, сабота и недела, од 7 до 13 часот.
КИТ-Го во петок и во сабота ќе бидат отворени од 7 до 13 часот, освен во Скопје, каде ќе работат до 12.30 часот. Недела е неработен ден.
„Рептил“ маркетите ќе работат во петок, сабота и во недела, од 7 часот до 12.30 часот.
Претходно, Владата донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници. На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела ќе им биде дозволено движење на граѓаните од 5 часот наутро до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.
За лицата над 67-годишна возраст, в петок, сабота и в недела ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот.
Сите деца и млади лица до 18 години, в петок, сабота и в недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.
Остануваат во сила сите други мерки за заштита од ковид-19 донесени од Владата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.