Македонија

Војската ќе спречува гужви пред банките и маркетите во Прилеп

13 апр 2020

Во насока на ефикасно спроведување на мерките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, а со цел заштита на здравјето на граѓаните, пред експозитурите на банките и маркетите во градот, оопштина Прилеп постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра, информираа од општината. 

Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде и покрај бројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни гужви, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата. .

Во Прилеп досега има 72 случаи на лица заразени со КОВИД-19, а едно лице почина. Поради прогресијата на заразени лица вчера градоначалникот Илија Јованоски побара помош од Армијата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...