Македонија

Експерти на МОТ ќе и помагаат на Владата да одговори на кризата

09 Apr 2020

Меѓународната организација на трудот (МОТ) формираше работен тим од експерти за пазарот на трудот, политики за вработување и трудово законодавство со цел да дојде до одговори и решенија за проблемите предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

Мултидисциплинарниот тим е предводен од МОТ и вклучува национални експерти и претставници на владата, организациите на работодавачи и на синдикатите во Економско-социјалниот совет.

Со појавата на кризата и првите знаци на влијанието на пандемијата врз социо-економската сфера, справувањето со бројните информации, различните мислења и предлози, за тоа како најдобро да се реши кризата прерасна во огромен предизвик. Затоа МОТ состави работен тим: да се справи со мноштвото информации, мислења и предлози, и со обединување на цврста експертиза, да ѝ помогне на Владата да ги избере најсоодветните решенија. 

Работниот тим ќе дава предлози до Економско-социјалниот совет, кој ќе ги дискутира најдобрите опции со Владата. 

Покрај тоа, МОТ отпочна со спроведување анкета за претпријатија со цел да ги поддржи организациите на работодавачите и Економско-социјалниот совет да ги проценат потребите на претпријатијата што се наметнаа од кризата со КОВИД-19. Заинтересираните компании можат да одговорат на неколку прашања поврзани за влијанието на кризата врз нивното работење, на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/ilo-mk2025

Активностите се кофинансирани од Европската Унија преку проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...