Македонија

НЛБ донираше 50 илјади евра

08 апр 2020

Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од корона вирусот, НЛБ банка реализираше донација од 50 илјади евра, како првична парична помош во справување со состојбата со COVID-19.

Дел од средствата од донацијата, односно 20.000 евра се искористени за набавка на медицински кревети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со цел опремување на полуинтензивната нега и зголемување на капацитетот на пациенти кои може да бидат третирани за време на борбата со пандемијата. Останатите 30.000 евра се наменети за отворената донаторската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија како директна финансиска помош за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни за заштита на населението од коронавирусот.

Како општествено одговорна компанија имаме за цел да одговориме на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и да го олесниме справувањето со последиците. Преку оваа финансиска помош даваме мал придонес и помагаме на оние на кои им е најпотребно. Во ова сме сите заедно и борбата е заедничка, изјавија од банката.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Комората на сметководители обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид-19

21 мај 2020

Денеска се очекува одлуката за угостителите

21 мај 2020

Со маски во маркетите до крајот на 2020 година

21 мај 2020

Фондот за иновации подели 4,2 милиони евра на 69 домашни компании

21 мај 2020

„Виталиа“ инвестира во еколошки производен објект, нови 50 работни места

21 мај 2020

Стопанската комора избра нов Управен одбор

21 мај 2020
Вчитува уште новости...