Македонија

„Виолета“ донира хигиенски производи

01 апр 2020

Компанијата „Виолета“ одлучи да поддржи дел од здравствените установи со тоа што ќе донира хигиенски производи од својот асортиман.

Хигиенските производи се наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје и за Клиниките за гинекологија и акушерство на Државна болница и во Чаир. Донацијата за Клиниката за инфективни болести ја сочинуваат резерви од течен сапун, хартиени бришачи, тоалетна хартија и медицински ролни, додека во родилиштата, освен тоалетна хартија, хартија за раце, течен сапун и медицински ролни, ќе бидат поделени и пелени и влажни марамчиња за бебиња.

Компанијата „Виолета“ од претходно соработува со Клиниките за гинекологија и акушерство, при што секое новороденче добива пелени и влажни марамчиња од овој бренд.

Од „Виолета“ порачуваат дека е важно да имаме општествена одговорност, но и одговорност како индивидуи, бидејќи сега е ситуација кога можеме сите да придонесеме и да помогнеме. Треба да ги подржиме вистинските херои што работат во здравството и секој ден се борат на фронтот, ако со ништо друго, барем да ги почитуваме мерките за безбедност и да внимаваме на себеси и на луѓето околу нас, истакнуваат од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...