Стопанство за жал дел по дел откажува, вели Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, во изјавата што ја пренесува Стопанската комора на Македонија.
Апелирам за помош во внатрешната трговија, бидејќи со намалување на капацитетите на компаниите, се прекинува синџирот на платниот промет на домашниот пазар. Потребно е да се најде заедничко решение како да се зачуваат работници кои и онака тешко се наоѓаат и да помогнеме во вакви услови во кои владее хаос и страв помеѓу луѓето. Потребно е секојдневно да се доаѓа до нови храбри решенија кои ќе одговараат на тековната ситуација, изјави Јаневски.
Според него, едно такво решение е формирање на државен фонд за позајмување на бескаматни кредити како и осигурување на внатрешниот промет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.