Македонија

Петрушев: Граѓаните да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи

13 Mar 2020

Граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, порачува Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Според  претседател на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, компаниите-членки активно комуницираат меѓусебе и ги преземаат сите мерки за превенција од коронавирусот со цел безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите, согласно насоките од Министерство за здравство.

Здружението апелира до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор да формираат дезобариери на влезовите за возила што превезуваат луѓе и кои дистрибуираат производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...