„Алкалоид“ АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 21.10.2019 година изврши дополнително вложување во „Алкалоид“ ДОО Белград, друштво кое е 100 отсто сопственост на „Алкалоид“ АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог, соопштија од компанијата.
Станува збор за инвестиција вредна 1,8 милиони евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на „Алкалоид“ во Република Србија.
Со оваа инвестиција „Алкалоид“ АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.