На четиричлено семејство за покривање на основните животни трошоци минатиот месец му биле потребни најмалку 531 евро, покажa најновата пресметка на минималната кошничка што ја направи Сојузот на синдикатите на Македонија.
Најголем е трошокот за храна, дури 13.574 денари. За да се покријат трошоците за домување се потребни 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари, а за одржување на здравјето 706 денари.
Или, од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23.983 денари (390 евра) се само за храна и за сметки.
Тоа е речиси колку една просечна плата, која според последните податоци на Државниот завод за статистика во мај изнесувала 25.270 денари или 411 евра.
Се проценува дека плата помала од просечната добиваат околу 60 проценти од вработените, а помалку од 20.000 денари примаат вработените во земјоделството, шумарството, сервисните дејности со храна, објектите за сместување и во административните и помошните дејности.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.