Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, градоначалниците на Битола, Могила и Новaци, присуствуваа на манифестацијата „Одбележување на денови на млекото и кооперативното здружување“.
Оваа манифестација е дел од повеќето локални настани кои се финансиски поддржани од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за рурален развој. На манифестацијата присуствуваа фармери и претставници од млечната индустрија кои ги промовираа своите производи.
Димковски посочи дека здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е важно за да се постигне одржливост на млекопроизводството и подобрување на рентабилноста на сточарството.
При подготовката на мерките за овој сектор, посебно внимание МЗШВ посветува на примарното производство, подобрување на квалитетот на суровото млеко и поттикнување на млечната индустрија. Здружувањето на фармерите во земјоделски задруги е еден од начините да го направиме млекопроизводство одржливо, пласманот сигурен затоа што здружени земјоделците успешено се справуваат со потенцијалните проблеми при пласманот. Земјоделците здружени во задруги со големи обработливи површини, поголем број на добиток, гарантираат усогласен квалитет на пазарот, но и поголема конкурентност и пробивање на македонските земјоделски производи на странските пазари. Кога се здружени земјоделците, можат полесно да реализираат крупни инвестиции, да конкурираат за мерките од Националните програми и од ИПАРД програмата, полесно да набават земјоделска механизација, а со тоа да имаат помали трошоци“, рече Димковски.
Директорот на Платежната агенција Бабовски, ги презентираше мерките од Националните програми и од ИПАРД 2 Програмата за развој на млекопроизводството. Од исклучително значење за развојот на оваа гранка е ефикасната искористеност на мерките што ги нуди европската ИПАРД 2 програма, како што се мерките за „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ и „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, кои овозможуваат кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, инвестиции во преработувачки капацитети како што е изградба на млекарници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.