Словенечката винарија „Пуклавец“ отвори „бутик“ винарска визба во Неготино и со тоа го прошири својот асортиман со производството на црвени вина од македонско грозје.
Вината што ќе се произведуваат во неготинската винарија ќе се пласираат на пазарот под називот „Инстинкт“. Ќе бидат достапни за продажба до крајот на годината.
Македонското виногорје е познато по црвените раси, а македонските црвени вина се познати по богатството на вкусот, зрели и комплексни ароми. Овој вид вино е високо ценет на меѓународните пазари и токму тоа ќе го понудиме. Нашата првична амбиција, да бидеме меѓу најдобрите производители на вино во светот, расте и се засилува токму со овдешната винарија, што ќе ни овозможи дополнително растење, развивање и збогатување на портфолиото на „Пуклавец“, изјави Владимир Пуклавец, сопственик на винаријата.
Вредноста на инвестиција во визбата во Неготино се проценува на 1,6 милиони евра. Почетниот капацитет е 300.000 литри вино годишно.
Семејната винарија „Пуклавец“ е познат вински бренд од Словенија, каде досега се произведуваа најмногу бели и пенливи вина. Брендовите на винаријата се присутни на пазарите во Велика Британија, Бразил, Полска, Холандија, Хрватск и три пат по ред беа наградени како „Винарија на годината“ во Словенија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.