Македонската асоцијација за човечки ресурси организира интернационална конференција за човечки ресурси, која ќе се одржи на 20 мај во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје.
Имајќи предвид дека промената е единствената константа во денешното работно опкружување, на овогодишната конференција ќе се обидеме да ви дадеме увид и да ви претставиме разни добри практики кои може да се согледаат како поттикнувачки, но исто така и како пример за вашиот следен чекор и промени во вашата организација - или како менаџер со човечки ресурси, или како извршен директор. Како организациите да бидат поефикасни и успешни во нивната работа преку перспективата на човечките ресурси?, соопштија организаторите.
Меѓу предавачите се: Пино Меркјури, директор за човечки ресурси на „Мајкрософт“ - Италија, Џорџ Павлидис, академски директор на постдипломски студии за клиничка невропсихологија и когнитивна невропсихологија на универзитетот „Шефилд“, Даниел Канчев,
менаџер на бизнис операции во Receipt Bank и други предавачи. Целата агенда може да се види тука .
Конференцијата вклучува два дополнителни настани: HR Expo - како можност компаниите да ги презентираат и да ги покажат своите услуги , производи, програми и технологии кои можат да гo поддржат одделот за човечки ресурси и сите негови потреби, и вечерен настан - доделување на наградата HR Mенаџер на годината за 2018 година.
Ова ќе биде 11-та меѓународна конференција за човечки ресурси во Скопје, а 20 мај е интернационален HR ден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.