Македонија

Нов маркет „Жито“ во Велес

21 Mar 2019

Трговскиот синџир „Жито“ вчера отвори нов маркет во Велес, кој е 14. во овој град и 57. во земјава.

Новиот малопродажен маркет, вклучувајќи го и магацинскиот простор, се простира на површина од 389 квадратни метри и е во непосредна близина на општината и на Полициската станица во Велес, на улицата Методија Андонов Ченто бр. 4. Располага со две каси, пиљара, топлотека и фурна за печење, а овозможи 10 нови вработувања.

Со отворањето на 14. маркет „Жито“ во Велес, на нашите верни купувачи им овозможивме нова локација каде што ќе можат да ги пронајдат своите омилени производи по достапни цени. Како и досега, наша предност ќе бидат квалитетната услуга, најдобрите цени, многубројните акции и широкиот асортиман производи од домашни и странски производители, истакнаа од менаџментот.

Објектот е уреден според утврдени стандарди, а како што наведуваат од менаџментот, обновувањето на дворниот простор пред маркетот предизвикало огромно задоволство кај жителите од околните згради: Новопосадените цветни и зимзелени аранжмани му дадоа посебна свежина на просторот, а по околните патеки беа монтирани бекатон плочки за маркетот да биде достапен за сите што сакаат да го посетат.

Работно време на новиот „Жито“ е од 7:30 до 21:30 часот (од понеделник до сабота), односно од 7:00 до 15:00 часот (недела и празници).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...