Голема забава со концерт на Петко и неговиот бенд „Пет плус", хитовите на хорот „Поточиња", акробати и многу други изненадувања, ги очекуваат децата и нивните родители во сабота (22 септември) кај новото детско игралиште на паркингот пред Веро Тафталиџе во Скопје.
Забавата ќе почне во 11.30 часот и ќе трае до 13.30 часот. За време на двочасовната дружба, децата ќе се забавуваат со Петко и со неговите пријатели, ќе ги пеат хитовите на „Поточиња", а забавата дополнително ќе ја загреат акробати од „Фазбабл" кои ќе ги покажат своите вештини.
Дружењето го организира „Веро". Од таму истакнуваат дека се поттикнати од податоците од истражувањата за детскиот развој кои покажуваат дека децата во земјава поминуваат многу повеќе време во затворени простории отколку надвор. Имајќи ја предвид ваквата ситуација, но и фактот дека за активности на отворено се потребни квалитетни и интересни локации, компанијата „Веро" изгради најмодерно детско игралиште во непосредна близина на маркетот Веро Тафталиџе. Игралиштето е донација од „Веро".
- Стручните лица постојано предупредуваат за негативните ефекти од недоволната физичка активност и престојот на отворено врз здравјето на децата во развој. Со изградбата на игралиштето сакаме за децата да обезбедиме пријатно, безбедно и интересно катче каде што ќе може да се дружат и да спортуваат. Игралиштето е наш придонес кон целата локална заедница, особено кон најмладите, со примарна цел да помогнеме во нивниот правилен развој - вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор во компанијата „Веропулос".
Ќе се понудат и дегустации на храна за посетителите, како и дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо". Имено, во периодот од 22 до 25 септември, за секоја сметка над 1.000 денари направена во маркетот Веро Тафталиџе, потрошувачите ќе добијат ваучер со 100 денари попуст во „Џамбо" кој може да го искористат до 25 октомври.
Се вчитува следна вест...